Олигодонцијата е ретка дентална аномалија кај хуманата популација, која се карактери- зира со недостаток на шест или повеќе заби. Во Европа, преваленцијата на синдромската и несиндромската олигодонција е 0,14%. Клиничките манифестации вклучуваат недос- таток на шест или повеќе заби, недоволен развој на максиларниот и мандибуларниот алвеоларен гребен и редуцирана долна третина од лицето. Варијациите во денталната морфологија, редуцираната големина и аберантна форма, аномалиите во емајлот, како и доцната ерупција, додатно ја влошуваат клиничката слика. Олигодонцијата е асоцирана и со редуцирана саливарна секреција. Сето ова генерира функционални и естетски про- блеми, со импакт на емоционалното здравје. Целта на студијата е да се прикаже случај на 12-годишно девојче со олигодонција, и преземените тераписки процедури за ортодонт- ско-протетска рехабилитација и воспоставување на нормална орофацијална функција. Може да се заклучи дека оралната рехабилитација кај индивидуите со олигодонција е долготраен процес во кој се вклучени различни специјалисти. Третманот зависи од во- зраста, а раната дијагноза е круцијална. Превенцијата на кариес, ортодонтскиот третман, автотрансплантацијата, денталните импланти, избегнувањето на препарации на забите и парцијалните протетски надоместоци се препорачани методи.