Системи за квалитет и стандарди

@inproceedings{Mitreva2013,
  title={Системи за квалитет и стандарди},
  author={Dr.Sc. Elizabeta Mitreva and Saska Golomeova},
  year={2013}
}
Европската унија е значаен партнер на Р. Македонија во надворешно трговската размена и на прв поглед може да се заклучи дека домашните производи ги задоволуваат европските критериуми, меѓутоа најголем дел од извозот се однесува на лон производите и полупроизводите. Стопанската структура на македонската економија се карактеризира со производи со низок квалитет, недоволни да ги задоволат странските вкусови, производство со застарена технологија, недоволно искористување на производствените капацитети, ниска продуктивност, високи трошоци на производството и др. Стремежот на македонските компании треба да биде во правец на создавање услови за пласман на нашите производи со повисок квалитет на светските пазари, а тоа ќе се постигне преку реинженеринг на деловните процеси што ќе овозможи унапредување на квалитетот на производите, поголема конкурентност, поголема продуктивност, производство на производи со повисока фаза на преработка, намалување на трошоците и сл. Апстрахирајќи се од чисто теоретски - историски пристап, авторите имаа за цел да дадат компетентен научен осврт, но и свои согледувања а при тоа да не се изземат есенцијалните феномени и појави поврзани со тоталниот менаџмент на квалитет, со едноставна мотивација, студентите и читателите со ограничен напор, да ги осознаат овие феномени кои се во центарот на интересирањето како од теоретски така и од практичен аспект.